• Иван Димовски

Кошаркарите на Бостон Селтикс се радуваа со 110-97 во петтиот дуел од источното финале на НБА лигата против Мајами Хит. „Зелените“ ја искористија предноста на домашниот паркет, па во својата „ТД Гарден“ го надиграа ривалот и по негативата од 3-0 се вратија на 3-2 во серијата за финале.
- Бостон Селтикс - Мајами Хит:
Уште во првата четвртина Селтикси најавија дека сакаат победа, бидејќи поведоа двоцифрено. Работите не се менуваа ниту до полувремето, напротив Бостон ја помести границата и разликата се движеше околу 20 поени, па на одмор се замина со 61-44. Мајами немаше сили за кам-бек, бркаше негатива и во второто полувреме. Во завршниот период домаќинот поведе со максимални +24 и малку се опушти, а тоа резултираше со малку поблаг пораз за „жешките“.
Бостон покажа неверојатен тимски перформанс бидејќи дури четири кошаркари беа со над 20 поени. Вајт ги предводеше поентерите со 24, еден помалку имаше Смарт, додека со по 21 финишираа Браун и Тејтум кој собра и „дабл-дабл“ со 11 асистенции. Кај Мајами се истакна Робинсон со 18, додека Батлер беше „запрен“ на само 14 поени.
Следниот шести натпревар се игра во Мајами ноќта меѓу сабота и недела. Бостон ќе брка втор брејк и израмнување, по што би играл дома мајсторка, додека Хитс треба да се консолидираат и да ја одбранат Флорида.