ВИДЕО: Бостон се испоти и по продолжение го „скрши“ Милвоки

Бостон неочекувано тешко го совлада Милвоки во својот „ТД Гарден“ со 113-107 во првиот натпревар од првото коло на плеј-офот во НБА лигата. Натпреварот беше супер-драматичен, откако Бостон долго време водеше, пред Крис Мидлтон со тројка со звукот на сирената да израмни на 99-99, за одлука во нови дополнителни пет минути.

Ал Хорфорд со 24 поени и 12 скока и Тери Розие со 23 поени беа најдобри поединци во тимот на Бостон, а голем придонес за победата дадоа и Маркус Морис и 21 поен и Браун, која запиша 20 поени.

Гркот Јанис Антетокуомпо постигна 35 поени, а блескаше и Крис Мидлтон со 31 постигнат поен кај поразените Бакси.