ВИДЕО: Бостон промаши за победа, Лејкерси се вратија на победнички пат

Леброн

Лос Анџелес Лејкерс ја прекина серијата порази и минимално победи на теренот на Бостон Селтикс (95-96). Леброн Џејмс можеше да биде трагичар, поради една грешка во неизвесната завршница. На крај, Вокер не погоди за победа, па триумфот замина кај кошаркарите од Калифорнија. Дејвис заврши со 27, Леброн постигна 21, а најерфикасен на теренот беше Татум со 30 поени.

Супер интересно беше во Чикаго каде клучна тројка за победа постигна Лилард за конечни 122-123 во корист на Порлтанд. Шутерот на гостите не дозволи пораз и ја заокружи фантастичната вечер со учинок од 44 поени.

Мајами конечно победи и тоа со судни маки на дуелот против Сакраменто (105-104). Во тимот на Сполстра се врати Џими Батлер и веднаш влијаеше врз играта, завршувајќи го натпреварот со 30 поени.

Изненадувачки пораз запиша еден од фаворитите за највисок пласман Милвоки на гостувањето кај Шарлот (126-114). Новајлијата Ламело Бол беше одличен и заедно со Гордон Хејворд најзаслужен за позитивниот резултат. Кај гостинскиот тим немоќен беше Јанис Антетокумбо кој реализира 34 поени, 18 скока и девет асистенции.

Хјустон ја продолжи серијата победи кај Њу Орлеанс (112-126), Мемфис го изенанади Сан Антонио (112-129), висока победа запиша Голден Стејт против Детроит (118-91), а Далас на Лука Дончиќ продолжи да се мачи и беше поразен од Феникс (105-111).