ВИДЕО: Бостон пак ја надигра Атланта, први победи за Феникс и Кливленд

Кошаркарите на Бостон Селтикс извојуваа победа над Атланта Хоукс во вториот натпревар од првото коло на плеј-офот во НБА лигата, со резултат 119-106 и сега водат со 2-0 во серијата. Феникс и Кливленд по почетните неуспеси забележаа триумфи и израмнија против Лос Анџелес Клиперс. и Њујорк со 1-1.

Селтикси максимално го искористија домашниот терен пред серијата во Атланта, и покрај тоа што „јастребите“ овојпат пружија нешто посилен отпор отколку во првиот натпревар, прашањето за победникот на второто соочување никогаш не беше поставено.

Најефикасен беше Џејсон Тејтум со 29 поени, десет скока и шест асистенции, Дерик Вајт додаде 26, а Џејлен Браун застана на 18 поени. Во поразениот тим Дејонте Мареј забележа 29 поени, Тре Јанг 24, а Богдан Богдановиќ 18. Следните два натпревари ќе се играат во Атланта на 22 и 24 април.

Феникс во Аризона го совлада Лос Анџелес Клиперс со 123-109 и израмни во серијата на 1-1. Натпреварот беше изедначен во првите две четвртини, а потоа на сцена стапи Девин Букер кој 18 од 33-те поени на неговиот тим ги постигна во третата четвртина. Во последниот квартал Санси ја одржуваа предноста која никогаш не беше недостижна, но сепак доволна за прва победа во плеј-офот.

Букер натпреварот го заврши со 38, а Кевин Дурент впиша 25 поени. На другата страна Каваи Ленард впиша 31 поен, а Расел Вестбрук беше автор на 28 поени. Серијата сега се сели во Лос Анџелес, каде ќе се играат следните два натпревари.

Кливленд го оствари првиот триумф против Њујорк пред своите гледачи 107-90 за израмнување на 1-1. Сите дилеми околу победникот Кавси ги решија во првото полувреме, односно во втората четвртина која ја добија со 34-17 и на пауза заминаа со 20 поени предност - 59-39.

Кај домашниот тим најефикасен беше Дариус Гренланд со 32 поени, а кај Никси се истакна Џулиус Рендл со 22 поени.