ВИДЕО: Бостон одново го здрма Кливленд и поведе со 2-0 во источното финале

БОстон

Иако имаше негатива во поголемиот дел од натпреварот, Бостон Селтикс ја запиша втората победа над Кливленд Кавалирс и го одбрани домашниот терен во „ТД Гарден Арена“. Позитивниот резултат за екипата на Бред Стивенс пристигна најмногу благодарение на одличниот финиш на третата четвртина, која „зелените“ ја добија со 36-22.

Леброн Џејмс одигра уште еден епски натпревар, кој го заврши со 22. „трипл-дабл“ во плеј-оф кариерата. Најдобриот играч на денешницата не разочара и постигна 21 поен во првата четвртина, а го заврши мечот со 42 поени, 12 асистенции и 10 скока. Одличен беше Кевин Лав, кој имаше 22 поени и 15 скока. Разочара остатокот од првата петорка на гостите, кој го загуби директниот дуел со стартерите на домашниот тим.

Следниот меч се игра во Охајо, а Кливленд ќе се обиде да ја израмни серијата пред своите гледачи. Третиот меч е на програмата в сабота рано наутро по средноевропско време.