Бостон му понуди 135 милиони долари за четири сезони на Џру Холидеј!

Најтрофејниот НБА-тим и еден од фаворитите за титула оваа сезона, Бостон Селтикс, заврши голема работа за својата иднина. Клубот ја продолжи соработката со еден од најважните играчи оваа сезона, Џру Холидеј.

Откако Mилвоки Бакс минатото лето се откажа од услугите на Холидеј. а по трејдот само неколку дена се задржа во Портланд, Холидеј заврши во Бостон. Тоа се покажа како вистински потег за Селтикс, кои регларниот дел од сезоната ќе го завршат на првото место во целата НБА лига.

Клубот од Бостон му му понуди на Холидеј нов четири годишен договор вреден 135 милиони долари. Холидеј ја одбил опцијата да го продолжи договорот за уште една година за околу 37 милиони долари и за да се обезбеди решил да прифати долгорочен договор.

Џру Холидеј е еден од најдобрите дефанзивеци во НБА, сезонава има просек од 12,5 поени со 5,4 скока и 4,9 асистенции.