ВИДЕО: Бостон ја повлече „петката“ во чест на Кевин Гарнет

Бостон Селтикс одлучија да го повлечат од употреба бројот „5“ поради легендата на овој тим, Кевин Гарнет. Центарот беше дел од шампионската генерација со Пол Пирс и Реј Ален, кој во 2007/08 година му ја донесоа титулата на Бостон по пауза од 22 години. 

„Почестен сум и благодарен што мојот број е пензиониран во Селтикс. Секогаш ќе имам огромно почутување и благодарност до сопствениците, Дени Ејнџ и Док Риверс, но и кон соиграчите и фановите“, истакна Кевин. 

Играчот во Бостон настапуваше од 2007 до 2013 година, но остави голем печат на професионалец и авторитет. За Селтикс одигра 396 натпревари, а бележеше просек од 15,7 поени, 8,3 скокови, 1,2 украени топки и една блокада по меч. 

Освен во овој тим, претходно играше за Минесота, а потоа за Бруклин, за кариерата да ја заврши каде што започна. Тој е единствен играч кој постигнал најмалку 25.000 поени, со 10.000 скокови, 5.000 асистенции, 1.500 украдени топки и исто толку блокади.

  • Топ 50 потези на Гарнет: