• Зоран Мишевски

За разлика од Лејкерси, кошаркарите на Бостон не дозволија Мајами да победи со нула во конференциското финале. Во четвртиот натпревар тие го добија Мајами со 116-99, ја продолжија финалната серија од Источната конференција и максимално ја сочуваа честа.
Третата четвртина се покажа како клучна за исходот. Имено, од стартот на вториот дел, па се до неколку минути по почетокот на последната четвртина, гостите водеа со 38-23. Но брзо Селтикси минусот го претворија во плус кој им обезбеди победа.
Една од причините за поразот на Мајами беше очајното шутирање за три поени од 32/8, додека Бостон упати 19 од 45 удари од далечина. Инаку, во историјата на НБА ниту една екипа не надополнила 0-3, па евентуалната победа на Бостон, колку и да се големи Селтикси, би била своевидно изненадување.
Најефикасен кај победниците беше Тејтум со 34 поени и 11 скока,
Петтиот натпревар се игра во ноќта меѓу четврток и петок во Бостон.