Бостон и Шарлот со сигурни победи го отворија „НБА-маратонот“

Екипата на Бостон Селтикс не дозволи изненадување и на домашен терен беше подобра од Њу Орлеанс Пеликанс (104-92) во првиот натпревар од дневната програма во НБА-лигата.

Селтикси и ривалот беа резултатски близу во првото полувреме, но потоа на сцена стапи Тејтум кој блесна и на домашниот тим му го донесе посакуваниот резултат. Токму Тејтум со 28 поени, осум скока беше најдобар кај победникот, поддршка му беа Браун и Шродер со по 23 поени.

Убедлива победа забележа и Шарлот Хорнетс на гостувањето кај Њујорк Никс во „Медисон Сквер Гарден“ (87-97). Никси цело време беа во негатива, а во еден момент губеа и со високи 23 поени (63-86).

Најдобар кај „стршлените“ беше Мајлс Бриџис кој имаше феноменален натпревар, можеби најдобар оваа сезона, со 38 поени, 12 скока и пет асистенции. Го следеше Розиер со 22 поени. Кај Њујорк, најдоброто дуо Барет и Рендл постигна по 18 поени.