• Саше Љолес
Суперѕвездата на Бостон Селтикс, Џејсон Тејтум, е на чекор до своето очекувано враќање на терените по долготрајната рехабилитација од тешката повреда на aхиловата тетива што ја доживеа минатата сезона.
Според најавите, тој би можел повторно да заигра веќе на шести март, na домашниот дуел против Далас Маверикс.
Тејтум во последниве недели активно работи на својата физичка подготвеност и веќе се приклучи на тренинзите со тимот, вклучително и на подготовки „пет на пет“, што се смета за значаен чекор во процесот на враќање во натпреварувачки ритам.
Ако ја оправда прогнозата и навистина се врати на терен на шести март, тоа би било големо засилување за Селтикс во пресрет на завршницата од редовната сезона и почетокот на плеј-офот, каде неговото присуство може значително да го зголеми конкурентскиот потенцијал на тимот.







