• Мартин Танасковски

Екипата на Пелистер остана без еден од младите играчи затоа што Петар Бошалески реши да замине во нова средина.
Бек шутерот кој е роден во 2004 година немаше голема улога меѓу „зелените“, па заминува во редовите на Охрид кој се натпреварува во Втората лига и има цел да обезбеди промоција меѓу најдобрите следната сезона.
Бошалески покрај за Пелистер во кариерата играше и за Работнички, а ги мина и сите младински селекции на Македонија.