Босанците најдоа пари и ќе играат на Евробаскетот

Кошаркарите на Босна и Херцеговина ги најдоа потребните финансиски средства и ќе играат на Евробаскетот кој на програмата е во септември, слично е и со дамите кои го чекаат Светското првенство истиот месец.

Мажите и дамите ќе се појават на терените, откако министерството одлучи да донира 200.000 марки за финансирање на машката и на женската селекција кои се во исчекување на големите настани.

Одлуката е донесена на вонредна седница. Со овие пари ќе се купат авионските карти и ќе се плати сместувањето. Машката репрезентација на БиХ на ЕП се наоѓа во „групата на смртта“ со Германија, Унгарија, Словенија, Франција и Литванија, додека дамите ќе играат со Порторико, Кина, Јужна Кореја, Белгија и САД.

Евробаскетот за мажи стартува на 1 септември, додека СП за жени е од 20 септември.