• Саше Љолес
Македонската У20 репрезентација има нов селектор. Предвоник на нашите кошаркарски надежи ќе биде искусниот стратег на ТФТ Mozzart, Боро Смилковски, кој ќе има задача да оствари добар резултат на Европското првенство во А дивизијата на ФИБА.
Смилковски веќе четири сезони е тренер на прволигашот од Тафталиџе и успеа да создаде препознатлив бренд во македонската кошарка, а оваа сезона екипата беше запрена во полуфиналето од плеј-офот, каде доживеа елиминација од актуелниот шампион, МЗТ Скопје.
Младата македонска репрезентација во јули ќе настапи на континенталниот собир, каде ќе биде сместена во групата Ц, заедно со селекциите на Шпанија, Турција и Белгија. Смилковски доаѓа на местото на Никола Василев, кој цела деценија работеше во младинските репрезентации.
Европското првенство годинава ќе се одржи во Полска и ќе трае од 13 до 21 јули, а целта на нашиот тим е да ги избегне последните три места, за да го задржи елитниот статус и во иднина.