Борец донесе нов американски тројкаш пред настапите во плеј-офот

Екипата на Борец веднаш реагира по заминувањето на американскиот кошаркар од своите редови и потпиша со нов странец за да ја исполни квотата. Нов играч на тимот е Зион Јанг.

Во пресрет на плеј-офот за највисок пласман, Јанг доаѓа да го зголеми квалитетот на екипата. Се работи за кошаркар кој доаѓа од Чикаго, САД а во својата богата колеџ кариера има настапувано за повеќе Д1-колеџ екипи забележувајќи 132 настапи за Оукленд, Илиној и СУУ.

Првото искуство надвор од Соединетите Американски Држави го имаше минатата сезона во првата лига на Азербеџан, во која во просек имаше 24 поени, четири асистенции и 40% погоден шут за три по натпревар.