Борец Баскет ја засили крилната позиција, пристигна Предраг Пајиќ

Кошаркарскиот клуб Борец Баскет официјално го потврди ангажманот на Предраг Пајиќ, кој ќе биде ново име во ростерот на тимот за завршниот дел од сезоната во Суперлигата.

Со неговото доаѓање, велешани добиваат преку потребно засилување на крилната позиција, играч што носи цврстина, искуство и поголема сигурност во играта. Пајиќ зад себе има богата кариера на домашната и регионалната сцена, настапувајќи за клубови како Вардар, Фени, Кожув, Пелистер и ФМП, додека сезонава го носеше дресот на Овче Поле.

Во таборот на Борец Баскет се надеваат дека тој брзо ќе се адаптира на тимската тактика и ќе биде важен фактор во борбата за што подобар пласман.