Борец баскет и Соколи заеднички на врвот во Втората кошаркарска лига

Екипите на Соколи 1933 и на Борец баскет продолжуваат со добрите игри и успешни резултати во Втората кошаркарска лига. Екипата од Штип беше сигурна на гостувањето во Струмица каде беше подобра од Академија ФМП со резултат 77-63, доволно за шестата победа во седум одиграни натпревари.

Ист скор има и екипата од Велес, која во овој круг од натпреварите излезе како победник во дуелот со екипата на Бутел (79-68).

Младиот репрезентативец, Стојковиќ беше реализатор на 26 поени за домашната екипа, Чадамов го следеше со 16, додека Карталовиќ имаше 12 поени во победничкиот табор. Кај гостите од Скопје, Киров постигна 22.поени, Лазаревски даде 10, а Цариќ имаше уште 9 поени.

Втора лига (м)
Седмо коло:

Охрид – Работнички 2018         86-63
Мега баскет – Црн Дрим           83-79
Борец баскет – Бутел      79-68
Маџари – Партизан Водно Санс         121-92
Академија ФМП – Соколи 1933          63-77
Ангели – МЗТ Скопје Уни Банка          97-50