Борец баскет и Охрид запишаа значајни второлигашки победи

Во последните два натпревари од петтото коло од Втората лига домашните екипи стигнаа до очекувани победи.

Во Велес, кошаркарите на Борец баскет излегоа како победници во дуелот со Партизан Водно Санс (100-90). Со 26 поени младинскипт репрезентативец Стојковиќ ја предводеше петорката на домашни играчи кои имаа двоен поентерски ефект. Искусниот Штерјов даде 19, Карталовиќ имаше 18, а Чадамов и Петровиќ уште по 13 поени.  

Победа запиша и екипата на Охрид, која пред своите гледачи во салата „Билјанини извори“ беше многу подобра од МЗТ Скопје Уни Банка (74-53). Капитенот Бојовски постигна 20 поени, Стојаноски дојде до 19, а Димитриевски забележа уште 12 поени во домашниот тим, за кој ова е втор триумф во пет одиграни натпревари.

Втора лига (м)
Петто коло:

Охрид – МЗТ Скопје Уни Банка           74-53
Борец баскет – Партизан Водно Санс           100-90
Ангели – Академија ФМП         79-55
Бутел – Црн Дрим 64-73
Мега баскет – Работнички 2018         83-78
Маџари – Соколи 1933   81-96