Борче Даскаловски е нов тренер на Карпош Соколи!

Борче Даскаловски, кошаркарскиот работник кој е повеќегодишен асистент во стручниот штаб на Карпош Соколи е именуван за нов тренер на тимот кој се натпреварува во Суперлигата и ќе ја претставува нашата земја во ЛШ.

Во таборот на „соколите“ Даскаловски е во изминативе две сезони, а претходно работеше како прв тренер во екипата на Вардар. Тој е и поранешен прволигашки играч.

На тренерското столче Даскаловски го наследува Драган Николиќ, кој во минатата сезона успеа на тимот да му го донесе првиот пехар во историјата со триумф во Купот на Македонија, како и достојно да го претстави во АБА-лигата.