Борба за врвот: Србија и САД со по пет светски титули на вечната листа

САД Србија

Во далечната 1950 година се одржа првиот Мундобаскет. На истиот титулата ја однесе домашната селекција на Аргентина која во финалето го надигра САД.

Овој викенд ќе започне нов светски шампионат на кој што голема борба ќе се води за врвот на вечната листа на најуспешни нации. Со по пет титули, првото место го делат Американците и репрезентацијата на Србија (заедно со титулите од поранешна Југославија).

„Дрим-тимот“ ја прослави првата титула во 1954 година, а на следната чекаше дури 32 години. Југославија, пак, првпат се израдува во Љубљана 1970 година.

Сите очекуваат финална пресметка меѓу српските и американските кошаркари за одново да имаме еден неприкосновен лидер на вечната листа. Србија и САД важат за големи фаворити на Светското првенство во Кина, а беа дел и од последните две големи финалиња, на СП 2014 и Олимписките игри 2016 година.

Светскиот собир започнува на 31 август, а завршува на 15 септември.