Бонжур, Мундобаскет: Светскиот кошаркарски крем се враќа во Европа

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) објави дека планетарниот собир во 2031 година ѝ го доделува на Франција, што значи дека натпреварувањето се враќа во Европа првпат по 2014 година. 

Мечевите од Светското првенство ќе се играат во Париз, Лион и Лил, и ќе траат од 29 август до 14 септември 2031 година. Финалето ќе се игра во „градот на светлината“, кој за првпат ќе биде домаќин на меч за трофејот од ова натпреварување. 

Претходните првенства се одиграа во Азија, а следното (2027 година) ќе се одигра во Катар. Франција претходно беше домаќин на Европските првенства во 1951, 1983, 1999 и 2015 година. 

Воедно, на денешната церемонија беше објавено дека домаќин на женското Светско првенство во 2030 година ќе биде Јапонија