„Бомбата“ е активирана, Валанчунас заминува од НБА и се враќа во Евролигата!

Една година по големата трансфер-сага и пропаднатиот трансфер во Панатинаикос, Литванецот Јонас Валанчунас конечно се сели во Евролигата.

Според литванскиот портал „Крепшинис“, искусниот центар се враќа во татковината и ќе потпише двегодишен договор со Жалгирис.

Интересот на клубот од Каунас за Валанчиунас постоеше подолго време, а по завршувањето на неговата епизода во Денвер преговорите добиле забрзано темпо. Иако се шпекулираше дека би можел да ја продолжи кариерата во Њујорк Никс, нов НБА ангажман не беше на повидок, па така 33-годишниот Литванец ќе биде едно од најголемите засилувања на Жалгирис ова лето. 

Валанчунас професионалната кариера ја започна во Литвос Ритас, големиот ривал на Жалгирис, по што се пресели во НБА. Во најсилната лига во светот настапуваше за Торонто, Мемфис, Њу Орлеанс, Вашингтон, Сакраменто и Денвер. Минатата сезона одигра 65 натпревари во НБА и во просек бележеше 8,7 поени по натпревар.