• Саше Љолес
Повеќе грчки медиуми објавија дека Жељко Обрадовиќ се договорил со управата на Панатинаикос и се враќа во клубот каде ги оствари најголемите успеси во кариерата.
Српскиот тренер подолго време беше без ангажман откако ја прекина соработката со Партизан, а сега повторно доаѓа во Атина, каде се очекува да создаде силен и моќен тим за настап во Евролигата.
ПАО има разочарувачка сезона зад себе, не успеа да стигне до завршниот турнир во елитата, а воедно го загуби и финалето во домашното првенство од најголемиот ривал, Олимпијакос.
THE KING IS BACK pic.twitter.com/6s8ZVUkli3
— Arale Weisberg (@Aralos10) June 17, 2026
Обрадовиќ важи за култен тренер меѓу навивачите на „детелинките“, кои веќе му посакуваат добредојде на социјалните мрежи.
