„Бомба“ во соседството: Македонски репрезентативец пред потпис со Црвена Звезда

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ти-Џеј Шортс, е пред голем трансфер и во следната сезона најверојатно ќе го носи црвено-белиот дрес на белградскиот гигант Црвена Звезда.

Според информациите кои доаѓаат од српските медиуми, но и од повеќе кошаркарски инсајдери, Шортс веќе се наоѓа во Белград каде што се водат завршните преговори со раководството на клубот. Дополнителна потврда пристигнува и од грчките медиуми, со оглед на тоа што плејмејкерот минатата сезона настапуваше за Панатинаикос.

Иако во Атина пристигна со големи очекувања и статус на засилување од висок калибар, ниту тој, ниту Панатинаикос не можат да се пофалат со успешна сезона, што дополнително го отвори патот за негова промена на средината.

Во изминатиот период интерес за услугите на Шортс покажаа и Хапоел, како и Партизан, но се чини дека Црвена Звезда била најконкретна и најбрза во трката за неговиот потпис. Интересно е што и навивачките форуми на клубот од Калемегдан веќе објавуваат дека трансферот е практично завршена работа и дека Шортс ќе биде засилување за „црвено-белите“ во пресрет на новата сезона.