• Сашо Поповски
Екипата на Баерн Минхен уште една сезона по ред склучува соработка со НБА кошаркар.
Ако минатата година тоа беше Дерик Вилијамс, ова лето договор е потпишан со центарот Грег Монро. 29-годишникот доаѓа од тимот на Филаделфија 76ерс, а претходно настапуваше за Торонто, Феникс, Милвоки и Бостон.
Кариерата во најсилната кошаркарска лига ја започна во Детроит во 2010 година. Досега одигра над 600 натпревари, на кои оствари просек од 13,2 поени и 8,3 скока.
Баварците со овој потег најавуваат дека ќе бидат конкурентни и во Евролигата.