„БОМБА“ ОД ЛА: Ентони Дејвис пристигна во Лејкерси на местото на тројца играчи!

Ентони Дејвис

Желбата на Лос Анџелес Лејкерс да соработува со Ентони Дејвис конечно се исполни.

Пред НБА драфтот, Њу Орлеанс Пеликанс конечно ја прифати понуда од Лод Анџелес која го вклучува Џош Харт, Лонзо Бол, Брендон Инграм и три пика од прва рунда на драфтот во иднина, вклучувајќи го овогодишниот четврти пик.

Трансферот на еден од најдобрите центри во лигата не може да биде официјализиран дури до 6 јули.

Овој потег му се допаѓа и на Леброн Џејмс кој доби соиграч од „ол-стар“ калибар, со кој веднаш ќе биде кандидат за шампионската титула.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by LeBron James (@kingjames) on

Дополнителна добра вест за „езерџиите“ е задржувањето на Кајл Кузма, кому му се предвидува блескава иднина во НБА лигата.