
Болоња е на нозе, пристигна еден од најдобрите плејмејкери во европската кошарка, Милош Теодосиќ.
Српскиот кошаркарски капитен по долгите преговори со неколку европски гиганти, се реши својата кариера да ја продолжи во Болоња, каде вечерва беше бурно пречекан од најверните фанови на тимот.
Teodosic has arrived
(via @PaoloDiDomizio) pic.twitter.com/pnkzZfUSel
— Eurohoops.net (@Eurohoopsnet) July 15, 2019
Навичите на италијанскиот клуб се свесни дека своите редовите ќе ги засилат со кошаркар со огромно искуство и квалитет, па веруваат дека конечно ќе имаат тим кој ќе може да им парира на најдобрите европски клубови.
Според неофицијални информации, Теодосиќ ќе потпише тригодишен договор и ќе стане еден од најскапоплатените кошаркари во Европа.