ФОТО: Болен Илинден - Косово преку Македонија ја забележа првата официјална победа

Кошаркарската репрезентација на Македонија доживеа болен пораз на стартот на претквалификациите за СП 2019 во Кина.

Скалпот ни го зема новајлијата Косово, против кого избегнавме дебакл и од -20 дојдовме до минмален пораз (68-72). Косовците се покажаа како тврд орев и водени од домашната публика ја забележаа првата победа на официјален меч.

Наредниот меч во претквалификациите нашите кошаркари го играат на 5 август, кога во Скопје доаѓа Естонија.