Бојиќ се враќа во македонското првенство и одново ќе игра во МЗТ

Екипата на МЗТ Скопје денес потпиша едногодишен договор со познато име. Српскиот кошаркар Андрија Бојиќ се враќа во редовите на „штрковите“ и ќе биде дел од тимот во наредната сезона.

По една година во романски Волунтари, 27-годишникот одново ќе се врати и ќе заигра во „Јане Сандански“.

Аеродромци го официјализираа третото странско засилување, по Американците Феми Олуџоби и Хасани Гравет. Центарот беше дел од МЗТ во сезоните 2017/18 и 2018/19, а потоа се одлучи да продолжи во романското првенство.