Бојан Трајковски се врати и веќе беше претставен како кошаркар на Сигал Приштина

Бојан Трајковски се врати во првакот на Косово и шампион на БИБЛ лигата, само 20 дена откако потпиша нов договор со Куманово. Сепак опцијата странство била поставена како клаузула во договорот, па најдобриот кошаркар на Куманово ја искористи таа опција и пак ќе игра во косовска лига. 

Трајковски се враќа во овој клуб, каде настапуваше во 2015 година, кога дојде од полскиот прволигаш Чарни Слупск. 

Одличниот кошаркар нема да настапува за македонската заради недоразбирања со селекторот Драган Раца. И покрај последните шпекулации дека ќе се врати во дресот на селекцијата, Трајковски сепак нема да се најде во дресот на Македонија во квалификациите за Евробаскетот 2017 година додека Драган Раца е селектор.