Бојан Богдановиќ се враќа на терените после осуммесечна пауза

Искусниот хрватски кошаркар, Бојан Богдановиќ, започна со полесни тренинзи после осуммесечната пауза поради повреда и наскоро се очекува да се појави во тимот на Бруклин Нетс

35-годишниот Богдановиќ беше подложен на две операции и долго беше во процес на рехабилитација, но наскоро повторно ќе заигра во најсилната светска лига, каде веќе мина цели единаесет години. 

Хрватот имаше проблеми со стапалото и со десната рака, а посериозната повреда дојде минатата сезона кога со Њујорк Никс настапуваше во плеј-офот во серијата против Филаделфија. 

Лани просечно бележеше 9,9 поени по натпревар, а најдобар учинок имаше во сезоната 2022/23, кога во дресот на Детроит Пистонс во просек постигнуваше 21,6 поени.