Бојан Богдановиќ легнува „под нож“, се враќа наредната сезона

Хрватскиот кошаркар кој настапува за Јута Џез, Бојан Богдановиќ, морa да замине на операција и за него актуелната сезона, доколку продолжи, е завршена.

Богдановиќ, кој играше во одлична форма, реши да легне „под нож“ за да санира повреда која го мачеше подолго. Се работи за повреда на десниот зглоб на раката, за која тој чекаше слободен период да ја реши.

Оваа сезона Богдановиќ во дресот на Јута бележеше 20 поени во просек по натпревар. Јута е четвртопласирана во Западната конференција и се очекува да игра во плејофот ако сезоната продолжи.

НБА-лигата е во прекин од 11 март, а засега нема конкретен датум кога таа би можела да продолжи затоа што САД е најпогодена земја од коронавирусот во светот.