Бојан Богдановиќ кариерата ја продолжува во Детроит

Бојан Богдановиќ

Хрватскиот интернационалец Бојан Богдановиќ ќе ја продолжи кариерата во екипата на Детроит Пистонс.

Искусниот кошаркар ќе замине од Јута Џез, каде играше во изминатите три години. Во спротивен правец во Солт Лејк Сити ќе се упатат Сабен Ли и Кели Олиник. Од договорот со „џезерите“ му остана само уште една година. Во истата требаше да заработи 19,5 милиони долари. 

Пред Богдановиќ од Јута заминаа и Руди Гобер и Донован Мичел. Првиот ќе продолжи во Минесота, а шутерот го засили Кливленд.