• Зоран Мишевски

Поранешниот кошаркар на Панатинаикос, Лефтерис Бохоридис и официјално ја раскина соработката со клубот од Атина, соопшти синоќа вицешампионот на Грција. Бохоридис имаше просек од 2 поени, 1,6 скока и 1,5 асистенции по натпревар за Панатинаикос во Евролигата минатата сезона.
Последните три сезони ги играше за клубот од Атина. 29-годишниот Бохоридис порасна во Арис, каде играше од 2010 до 2014 година, а потоа три сезони го носеше дресот на Панатинаикос. Во 2017 година се врати во Арис, клуб за кој настапуваше до 2020 година.
Договори со Панатинаикос во летниот преоден рок досега потпишаа Костас Слукас, Лука Вилдоза, Димитрис Мораитис, Динос Митоглу, Костас Адетокумбо, Матијас Лесор и Јеријан Грант.