Богдановиќ: Во кошарката победува тимската игра, а ние не се опаметивме по Шпанија! 

Кошаркарска селекција на Србија го загуби најважниот натпревар на Светското првенство и предвреме ги заврши настапите на собирот во Кина, иако беше сместена меѓу најголемите фаворити за освојувањето на трофејот. 

„Орилите“ денес беа елиминирани во четвртфиналето од Аргентина со 97-87, а најдобриот поединец на овој меч, Богдан Богдановиќ, вели дека поразот од Шпанија како да не ги опамети и заслужено останаа без полуфинале. 

„Се разбира дека би го променил мојот скор со победа. Тие покажаа дека се тим, кошарката е тимски спорт, тимот победува. Ние забележавме два порази во низа и не успеавме да се опаметиме“, рече Богдановиќ кој мечот го заврши со 21 поен.

Богдановиќ речиси и да беше единствена светла точка на денешниот натпревар за Србија, додека под своите можности повторно одигра првата ѕвезда на тимот Никола Јокиќ.