• Иван Димовски
Искусниот Бојан Богдановиќ својата кариера во НБА лигата многу веројатно ќе ја продолжи во Бруклин Нетс и нема да се задржи долго во Њујорк. Добриот познавач на НБА-приликите Адриан Војнаровски објави дека е договорен трејд, во кој Никси ќе го добијат Микал Бриџис, додека во спротивен правец ќе замине Богдановиќ.
Бриџис во минатата сезона имаше просек од 19,6 поени по натпревар, на кои надоврза 4,5 скока и 3,6 асистенции, а Њујорк ќе го добие и вториот избор за драфтот во 2026 година за договорот на ветеранот.
Од друга страна, Богдановиќ оди во Бруклин и франшизата на Нетси ќе добие дури пет незаштитени избори во првата рунда на драфтот, како и еден сигурен пик во втората. Дел од минатата сезона Богдановиќ мина во Детроит, одигра 28 натпревари и имаше просек од 20,2 поени по натпревар.
Потоа во дресот на Никси не беше многу користен и за 19,2 минути во просек имаше по 10,4 поени.