Богдановиќ се збогуваше со Клиперс: Ви благодарам за сите заеднички битки!

Српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ и официјално ја заврши својта етапа во Лос Анџелес Клиперс. По преминот во Хјустон Рокетс, искусниот бек преку социјалните мрежи испрати емотивна порака со која им се заблагодари на поранешниот клуб, соиграчите и навивачите.

„Две години. Безброј спомени, лекции, пријателства и битки. Благодарам на сите во организацијата што веруваа во мене и ми направија да се чувствувам како дома уште од првиот ден.

На секој тренер, соиграч, член на медицинскиот тим и на сите кои работат зад сцената - ви благодарам за посветеноста и за тоа што секој ден ме туркавте да бидам подобар.

Благодарам и на навивачите за енергијата и поддршката во секој момент. Посебна благодарност до најверните навивачи, членовите на „Ѕидот“. Засекогаш ќе бидам благодарен за ова поглавје.

На сите ви посакувам многу успех во иднина“, напиша Богдановиќ на својот Инстаграм профил.

Минатата сезона за Богдановиќ беше исклучително тешка. Поради повреда на задната ложа, која го мачеше во текот на целата сезона, пропушти дури 59 натпревари. На 23 одиграни меча имаше просек од 7,4 поени, 2,6 скока и 2,2 асистенции за нешто помалку од 20 минути по натпревар.

Во Хјустон веруваат дека српскиот репрезентативец ќе се врати на нивото што го прикажуваше во дресот на Атланта хокс, кога во сезоната 2023/24 бележеше просек од 16,9 поени по натпревар и беше еден од најдобрите шутери во тимот.