ВИДЕО: Богдановиќ промаши шут за победа, Сакраменто загуби од Минесота

Богдан Богдановиќ пак го облече дресот на Сакраменто по повредата, но „кралевите“ загубија по две продолженија од Минесота со 104-105. Ова е петти пораз во низа за Сакраменто, со што е вклучен алармот на криза.

Бруклин славеше во градското дерби со Њујорк со 94-82 во „Барклај центарот“. Рендл со 33 поени беше најефикасен поединец на натпреварот, додека Морис Маркус постигна 22 поени. Кај Бруклин, Динвиди се истакна со 25 поени и осум скокови.

Мемфис славеше на теренот на Оклахома со 97-110, а во Солт Лејк Сити, екипата на Јута го совлада Портланд со 121-115. Во последниот натпревар, Детроит го надигра Вашингтон со 132-102 во феноменални издание од почетокот до самиот крај,