Богдановиќ: МКФ врши директен атак на Работнички, за некого е мајка, за некого маќеа!

Првиот човек на Општина Центар која е главен спонзор на КК Работнички, Саша Богдановиќ, имаше обраќање пред новинарите, на кое со револт говореше за недозволената регистрација на странскиот играч Ксавиер Џонсон, од страна на комисијата на МКФ.

Богдановиќ вели дека Работнички трпи многу поради оваа одлука на МКФ, а децидно тврди дека процедурите за регистрација на играчот се извршени според планот и дека „куќата на кошарката“ врши директен атак врз клубот и за некого е мајка, а за некого маќеа.

„Пресот е свикан на мое барање, затоа што сме 100% сопственици на клубот и најголем дел од организацијата и финансирањето. Лично сме засегнати од одредени одлуки на МКФ. Во изминатиот период сме информирани дека не е дозволена регистрација на странски играч, иако ги имаме запазно сите процедури. Поднесовме жалба, согласно со рокот. Очекуваме арбитража да го разгледува случајот. Со самото одбивање, нашиот клуб трпи директна штета, затоа што сме потрошоле одредени средсва за ангажман. Го имаме запазено рокот, имаме докази, доколку арбитражнатак омисија не повика. Бидејќи секогаш во кошарката во која сме директни учесници, сме наоѓале начини да се решат проблемите. Но, МКФ толкува правилници на свои начин, па така, бараме да го применат правилото за суспензија на клубовите кои должат оваа сезона. Согласно ако не постапат по правилникот кои сами си го донесоа на Собрание, ние ќе поднесеме кривична пријава. Чекаме одговор од нивна страна. Ако не постапат, а утврдиме дека треба да постапат, ние ќе постапиме согласност законите. Нема да дозволиме во интерес на друг, а во штета на нас, да донесе одредени одлуки. Ова е директен атак за Работнички. Подготвени сме работата да ја истераме до крај. Не може МКФ за некого да е мајка, а за некого маќеа“, изјави Богдановиќ.

Од Работнички истовремено најавија дека од МКФ бараат да го почитува правилникот кој е донесен и да ги санкционира сите клубови кои должат. Центарци, во случајов, се „чисти“ и немаат долгови кон куќата на кошарката.

Работнички е најтрофеен колектив во нашата земја и е актуелен првак. Несогласувањата доаѓаат непосредно пред настапот на центарци во Купот на Македонија, каде се лански финалисти и вицепрваци. Без разлика на несогласувањата на релација Работнички - МКФ, клубот ќе настапи регуларно на Купот, каде го чека дуел со Куманово.