ВИДЕО: Богдановиќ ја заби топката преку Дончиќ, па доби „степ-бек“ лекција во одбрана

Дончиќ Богдановиќ

Вчерашниот директен дуел меѓу Богдан Богдановиќ и Лука Дончиќ му припадна на Србинот кој со својот Сакраменто го порази Далас пред своите гледачи. 

  • Извештај од натпреварот:

Добрите пријатели се судрија за последен пат оваа сезона и имаа свои моменти во натпреварот. Српскиот интернационалец реализира забивање директно во лицето на гостинскиот плејмејкер и потоа прсна во смеа.

  • Забивањето на Богдан Богдановиќ:

Потоа 20-годишниот Словенец му возврати со препознатливиот „степ-бек“ и реализација за три поени.

  • Акцијата на Лука Дончиќ: 

Дончиќ постигна 13, а српскиот репрезентативец само седум поени во 21 минута на теренот.