• Иван Димовски
Сè погласни се критиките кон НБА лигата поради симулирањето и изнудувањето фаули, а на оваа тема свое мислење даде и српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ.
Кога се зборува за вакви ситуации, најчесто во центарот на вниманието е ѕвездата на Оклахома, Шеј Гилџус Александер, кој често успева да дојде до слободни фрлања по контакти што предизвикуваат многу реакции кај навивачите. Богдановиќ преку социјалните мрежи предложи драстична промена на правилата во кошарката.
„Мислам дека е време за црвени картони во кошарката. Ако некој одглуми фаул за да стекне предност во акцијата, тогаш по прегледувањето на снимката треба веднаш да добие црвен картон“, напиша Богдановиќ.
Во последниот период сè повеќе навивачи сметаат дека прекумерното симулирање негативно влијае врз квалитетот и атрактивноста на НБА натпреварите.

