Богдановиќ има понуда тешка 51 милион од Сакраменто: „Парите се важни, но не и...“

Најдобриот кошаркар на Србија на последното Светско првенство во Кина, Богдан Богдановиќ, им се врати на обврските во својот клуб Сакраменто Кингс.

По враќањето на американско тло, српскиот ас доби голем број на понуди за промена на средината, а од својот клуб доби и максимален договор, кој е вреден 51 милион долари. Сепак, Богдановиќ сè уште не донел конечна одлука за својата иднина.

„Ќе ги разгледам сите понуди. Не сакам да брзам и затоа не сум донел одлука. Не кријам дека сакам да останам во Сакраменто, но ќе видиме. Сакам да ги видам амбициите на клубот за во иднина, па потоа ќе донесам одлука. Парите се важни, но во овој момент не се пресудни“, рече Богдановиќ. 

Богдановиќ во минатата сезона на НБА лигата беше еден од најдобрите поединци на Сакраменто и лигата ја заврши со скор од 14 поени, 3, 8 асистенции и 3, 5 скока по натпревар.