ВИДЕО: Богдановиќ го надмина легендарниот Дражен, Лејкерси паднаа во плеј-ин турнирот

Бојан

Јута го доби големото дерби против Денвер (127-120) и ја продолжи трката да обезбеди домашен терен во текот на цел плеј-оф. Рекордна вечер имаше Бојан Богдановиќ кој постигна 48 поени и беше незадржлив за одбраната на гостите. Не помогна ниту одличната игра на стартерите на Нагетси, кои ги предводеше Никола Јокиќ со 24 поени.

Лoс Анџелес Лејкерс го загубија директниот судир со Портланд (106-101) и сега се на местата кои носат плеј-ин турнир. Шампионот има големи проблеми со повреди и никако не може да врзе добра серија резултати. Ентони Дејвис не можеше сам, па „езерџиите“ запишаа пораз и покрај неговите 36 поени и 12 скока. На спротивната страна со 38 поени нешто подобар беше Дејмиан Лилард.

Трката за првото место на Западот ја продолжи Феникс со домашниот триумф над Њујорк (128-105). Екипата од Аризона одигра перфектна последна четвртина која ја доби со 38-17 и се одлепи за конечна победа.

Ефикасен натпревар одиграа Милвоки и Хјустон (141-133), Далас немаше проблеми со Кливленд (110-90), а доминацијата на домаќините ја потврдија уште Чикаго, Филаделфија, Шарлот и Мајами.