Богдан Богдановиќ стана најдобар стрелец во историјата на Србија

Кошаркарската репрезентација на Србија го победи Јужен Судан и се пласира во следната фаза на Летните Олимписки Игри (ЛОИ), а најдобар стрелец во победата беше Богдан Богдановиќ.

Кошаркарот на Атланта Хокс имаше добар шутерски ден и мечот го заврши со 30 постигнати поени. Со овој статистички податок, Богдановиќ испиша историја и стана најдобар стрелец во историјата на српската кошаркарска репрезентација.

На првото место Богдан Богдановиќ успеа да го мине Милош Теодосиќ. Богдановиќ има 1.059 постигнати поени во 71 натпревар, додека Теодосиќ има 1.057 постигнати поени на 94 одиграни натпревари.