Бо Мекејлеб се прости од Вујошевиќ: Легендо, ќе фалиш!

Поранешниот репрезентативец на Македонија и некогашен член на белградски Партизан, Лестер Бо Мекејлеб, упати порака со сочувство за починатиот тренер Душко Вујошевиќ. 

Мекејлеб и Вујошевиќ беа заедно во редовите на „црно-белите“, кога стигнаа до завршниот турнир во Евролигата и заедно минаа многу успешни моменти од животот. 

„Почивај во мир, легендо. Секогаш ќе ни недостигаш, ова е навистина ужасно“, напиша американскиот кошаркар. 

Мекејлеб беше дел од Партизан во периодот меѓу 2009 и 2010 година, а потоа ѝ се приклучи на македонската репрезентација, со која го освои четвртото место на Евробаскетот во 2011 година.