Блокотехна лесно се справи со Академик за десетта победа во БИБЛ

Кошаркарите на Блокотехна продолжуваат да газат во регионалната БИБЛ лига и вечерва ја запишаа својата десетта овосезонска победа, откако во Гевгелија со сигурни 80-71 беше совладан тимот на Академик Бултекс. 

Гевгеличани до посакуваната предност стигнаа уште во раната фаза од мечот, на првата мала пауза минаа со позитива од 13 поени (25-12), додека на полувреме на семафорот стоеше 50-28 во полза на Блокотехна. Вториот дел мина во израмнета игра, а во последната четвртина домашните кошаркари се опуштија и влегуваа од грешка во грешка, но за нивна среќа бугарскиот тим не успеа до крај да го искористи тоа. 

Во таворот на македонскиот претставник се истакнаа Бенџамин со 18 поени, додека зад него беше Мијатовиќ со 11 поени.