Блокотехна и АВ Охрид ќе го отворат Куп-викендот во Гевгелија

Кошаркарска федерација на Македонија ги одреди термините за натпреварите од завршницата на Купот на Македонија, кој ќе се одржи во Гевгелија од 15 до 17 февруари. Еден од организаторите, Блокотехна, ќе го отвори кошаркарскиот маратон во дуел со Охрид. 

Четвртфинале: 15 февруари, 2019 година
13:00 Блокотехна – АВ Охрид (четвртфинале 1)
15:15 Работнички - Куманово 2009 (четвртфинале 2)
17:30 МЗТ Скопје Аеродром – Кожув (четвртфинале 3)
20:00 Гостивар – Фени Индустри (четвртфинале 4)

Полуфинале: 16 февруари
12:00 Бадел 1862 – Струга 2009 (натпревар 1)
14:15 Вардар – Работнички (натпревар 2)
17:30 Полуфинале МАЖИ 1 (победник четвртфинале 1 – победник четвртфинале 4)
20:00 Полуфинале МАЖИ 2 (победник четвртфинале 2 – победник четвртфинале 3)

Финале: 17 февруари 
14:30 Финале ЖЕНИ (победник натпревар 1 – победник натпревар 2)
17:30 Финале МАЖИ (победник полуфинале 1 – победник полуфинале 2)

Титулата од минатата година ја бранат кошаркарите на МЗТ Скопје и кошаркарките на ЖРК Вардар.