Блокотехна донесе двајца македонски кошаркари

Екипата на Блокотехна полека го комплетира ростерот за наредната сезона и во својот тим донесе двајца нови кошаркари од нашата земја.

Нови членови на гевгеличани се Војче Лефковски и Димитар Делипетров. Лефковски, кој има 27 години и настапува на бековските позиции доаѓа од АВ Охрид со кого лани играше во АБА-2 лигата, додека Делипетров (26 години, крило) доаѓа од Струмица.

Блокотехна лани ја одигра дебитантската сезона во македонскиот шампионат и се прикажа во одлично светло.