Блесок на Тео Симиќ за 17 минути во АБА-2 лигата

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Теодор Симиќ одигра нов натпревар во АБА-2 лигата и имаше завиден учинок.

Борац успеа да слави во дуелот против Осијек (81-70), а македонскиот центар на паркетот мина 17 минути за кои имаше блесок. Симиќ го заврши натпреварот со 12 поени и четири скока и беше втор стрелец во својата екипа.

За Борац Бања Лука ова беше втора победа во АБА-2 лигата. Симиќ во тимот игра како позајмен, од редовите на Игокеа.