Блесок на Шортс во продолженијата, ПАО и Олимпијакос ќе играат „мајсторка“!

Екипата на Панатинаикос го совлада Олимпијакос дури по две продолженија (93-86) во четвртиот натпревар од финалето на грчкото првенство, со што ја одведе серијата во петти решавачки натпревар. 

Избраниците на Ергин Атаман одиграа тежок меч против вечниот ривал и мораа добро да се испотат за триумфот, кој дојде по дополнително време од вкупно десет минути. На паузата меѓу двете полувремиња, ПАО имаше шест поени предност, а резултатот во регуларното време гласеше 69-69. 

Дополнителното време започна со мини серија на европскиот шампион, кој „побегна“ на седум поени позитива, но „детелинките“ се вратија на само -2. Промаши Еван Фурние, но и ПАО немаше среќа со реализацијата. Митоглу доби две слободни фрлања на 37 секунди до крајот и донесе израмнување (79-79), а потоа Толиопулос имаше шут за победа, но мечот замина во второ продолжение. 

Во второто продолжение видовме блесок на нашиот Ти Џеј Шортс, кој постигна важни поени, а потоа неговите соиграчи ја довршија задачата со конечен триумф од 93-86. Најдобар поединец кај побениците беше Кендрик Нан со 23 поени, а во редовите на Олимпијакос, Еван Фурние имаше шест поени повеќе.