• Саше Љолес

Екипата на Чаир 2030 немаше никакви проблеми против последнопласираниот Вардар и извојува огромна и убедлива победа (81-107) во 17. коло од Првата македонска лига.
- Комплетниот натпревар помеѓу Вардар и Чаир 2030:
Гостите од Чаир одиграа доминантно уште во првата четвртина и создадоа предност од дури 18 поени, а на полувремето заминаа со резултат 33-59. Беше јасно дека чаирчани ќе запишат лесен триумф, а тоа се потврди и во продолжението од мечот.
Вардар немаше никакви шанси за поголема резултатска неизвесност, па иако одигра малку подобро во последниот период, не успеа да спречи исклучително висок пораз со конечни 81-107.
Најдобар поединец кај Чаир беше Ајзеа Кели, кој имаше „дабл-дабл“ учинок од 26 поени и 12 скокови, а на спротивната страна прво име беше Христијан Настовски, кој запиша 19 поени зад своето име. За Чаир ова беше деветта првенствена победа, а Вардар останува на последното место со седумнаесет порази од исто толку натпревари.